Нов Бугарски универзитетq
| НБУ | |
| Вид | приватен |
|---|---|
| Основан | 1991 |
| Ректор | Пламен Бочков |
| Студенти | 12 000 |
| Место | Софија, Бугарија |
Мреж. место | www.nbu.bg |
Нов Бугарски универзитет познат како НБУ е приватен универзитет чие главно седиште се наоѓа во Софија, Бугарија.
Иницијатор на идејата за Нов Бугарски универзитет бил професорот Богдан Богданов. Универзитетот е основан на 18 септември 1991 година со одлука на Седмото Големо Народно Собрание. Во 2001 и 2005 година НБУ добил институционална акредитација од Националната агенција за оценување и акредитација. Во 2004 година Универзитетот бил акредитиран и од The Open University во Велика Британија.
Универзитетот располага со сопствена библиотека и сопствено издаваштво. Во Нов Бугарски универзитет се обучуваат годишно околу 12.000 студенти во 37 дипломски, 69 магистерски и 26 докторски програми.
Образовната филозофија се базира на либералната идеја за образование. Мисијата на Новиот Бугарски универзитет е:
- да биде ориентирана кон своите ученици како автономна академска институција за изградба на претприемнички личности одговорни за сопствениот развој.
- да биде средина за развој на општествено ангажирани личности, подготвени за живот во услови на демократија, цивилно општество, пазарни односи, европско и светско интегрирање.
- да биде либерална академска институција, основана на врската помеѓу образованието, истражувањето и претпријатие.
- да обезбедува дисциплинирано стручно образование, засновано на истражувања со практиката.
Од 2012 година НБУ започнал да издава каталог на најдобри студенти, чија цел е да ги претстави соодветните кандидати со високи академски и креативни успеси пред бизнис секторот во Бугарија и странство.
Мотото на универзитетот е „Ne varietatem timeamus“ - „Да не се плашиме од различноста“.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- (бугарски) Официјална страница
- (бугарски) Форум на НБУ
- (бугарски) За НБУ на страницата на Богдан Богданов
- (бугарски) Каталог на најдобрите студенти на НБУ (PDF формат)
| ||||||||||